Дома Фудбал Англија Бегалец од Украина ќе тренира со Манчестер Сити

Бегалец од Украина ќе тренира со Манчестер Сити

Младиот украински фудбалер Андриј Кравчук во продолжение од сезоната ќе тренира со екипата на Манчестер Сити, откако Премиер лигата даде одобрување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Граѓаните“ одлучија да побараат дозвола на основа на пријателството на Кравчук со Украинецот од Манчестер Сити, Олександар Зинчеко, двајцата настапуваа во младите категории од Шахтјор Доњеск.

Кога започна руската инвазија на Украина Кравчук беше со својот Торпедо во Турција на припреми. Меѓутоа тој го раскина договорот со рускиот тим и во продолжение ќе тренира со премиерлигашот.

„Играв во земја која изврши инвазија на мојата татковина. Заминувањето од клубот беше единствена можна одлука. Луѓето во Украина не би ме разбрале зошто продолжувам таму. Се чувствував навистина непријатно“, изјави Кравчук.

Младиот фудбалер изрази посебна благодарност до Зинчеко и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед го претстави новиот комплет опрема

Манчестер Јунајтед и “Адидас” го презентираа новиот домашен опремен сет за сезоната 2026/2…