Дома Трансфер зона Барселона ја сака „отпишаната“ ѕвезда на Тотенхем

Барселона ја сака „отпишаната“ ѕвезда на Тотенхем

Минатото лето многу европски гиганти се „тепаа“ за потписот на Танги Ндомбеле, но на крајот Тотенхем ја доби битката за неговиот потпис.

Ндомбеле пристигна во Тотенхем за 60 милиони евра, но веднаш беше јасно дека ќе му биде потребен подолг период за адаптација во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Покетино сметаше на него и му даваше шанса во стартниот тим, но Мурињо го загуби трпението и го „отпиша“ Французинот.

Ндомбеле на последните пет натпревари во Премиер лигата одигра само 63 минути, па медиумите на Островот пренесуваат дека „спарси“ се спремни да го продадат на лето.

Таквата ситуација сака да ја искористи Барселона и ќе се обиде да го донесе на „Камп Ноу“ ова лето бидејќи во него гледа идеален наследник на Бускетс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…