Дома Топ вести Барселона ја добила битката за Кевин Пантер!

Барселона ја добила битката за Кевин Пантер!

Кошаркарскиот портал „Jurohups“ пишува дкеа Кевин Пантер потпишал договор со Барселона. Американскиот бек би требало да заработи вкупно шест милиони долари во наредните две сезони.

Зад себе Пантер има фантастична сезона во тимот на Жељко Обрадовиќ со кој избори место во втората петорка на Евролигата. Се беше крунисано со фантастичниот настап во „мајсторката“ во финалната серија на АБА лигата кога постигна 32 поени и го донесе трофејот на црно-белите.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Се пишуваше во претходните денови дека покрај Барселона, за Пантер интерес покажале Панатинаикос и Реал Мадрид, но изгледа дека Каталонците биле напривлечни за 30-годишниот кошаркар.

Пантер добил огромен договор, но останува нејасно како Барселона ќе го исполни бидејќи тимот се соочува со финансиски проблеми веќе неколку месеци.

Барселона како што е веќе познато ќе остане без Никола Миротиќ кој  беше најплатен кошаркар во Евролигата, а некаде близу врвот на таа листа сега ќе биде Пантер.

Покрај Пантер, играчи кои играа за Партизан минатата сезона, а сега немаат договори се: Данте Егзум, Матијас Лесор, Зек Ледеј, Џејм Нанели, Јоанис Папапетру и Алекса Аврамовиќ. Нивната иднина допрва треба да се решава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алфонсо Дејвис се договори со Реал Мадрид

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…