Дома Трансфер зона Барселона ја губи трката: Еден од најбарните фудбалери во Европа ќе заврши во Баерн или Јувентус

Барселона ја губи трката: Еден од најбарните фудбалери во Европа ќе заврши во Баерн или Јувентус

Каталонскиот гигант Барселона многу веројатно ќе остане без ангажман на талентираниот дефанзивец на Ајакс, Матијас Де Лихт.

Според информациите до кој дојде шпански „АС“ повикувајќи се на извори блиски на клубот, талентираниот стопер најверојатно нема да заигра на „Ноу Камп“ и ќе заврши во Баерн или Јувентус.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Веруваме дека Де Лихт на крајот ќе заврши во Баерн или Јувентус. Се обидовме се, но повеќе не можеме бидејќи Де Лихт го прави она што ќе му го каже Раиола“, изјавил за „АС“ изворот од Барселона.

Шпанскиот шампион имаше намера во пакет од Ајакс да го доведе и Франк Де Јонг. Сепак, како што стојат работите, Де Лихт е изгубен, но затоа Де Јонг се уште е опција за Каталонците.

Де Лихт привлече навистина големо внимание бидејќи со само 19 години веќе е еден од најдобрите дефанзивци на Стариот континент.

https://www.youtube.com/watch?v=GqPsndIojKg

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…