Дома Фудбал Барселона: Тој е нашата најголема грешка во последните неколку години

Барселона: Тој е нашата најголема грешка во последните неколку години

Реал Мадрид пред точно еден месец официјално објави дека го доведе 18 годишниот Јапонец, Такефушо Кубо.

После Јовиќ, Милитао, Менди и Азар во Реал се одлучија за младиот јапонски репрезентативец кој во наредната сезона би требало да игра за вториот тим на Реал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кубо беше играч на Барселона, а каталонскиот гигант поради него во 2014 година доби забрана за трансфери бидејќи неговото доведување на 14 години било нелегално.

Јапонецот од Барселона замина во 2016 година, а наводно Каталонците сакале да го вратат меѓутоа Кубо сега сакал да се пресели во Реал.

Денешната насловна на „АС“ пренесува вест дека од „Ла Масија“ од каде што излегле со порака во која од Барселона едногласно тврдат: Тој е нашата најголема грешка во последните неколку години.

Не е познато како каков ефект имал неговиот потпис на ситуација во Барселона и „Ла Масија“, но очигледно дека некои се уште не се помириле со фактот дека младиот Јапонец во иднина ќе игра за Реал Мадрид.

Ќе потсетиме, пред неколку дена беше потврдено дека Барселона го обезбедила потписот на друг Јапонецт, Хироки Абе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…