Како што пренесуваат медиумите на Островот, Барселона успеа да му „укаде“ играч на Манчестер Сити.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Станува збор за младиот дефанзивец Ерик Гарсија, кој како слободен играч ќе се пресели на „Камп Ноу“.
Гарсија, кој потекнува од школата на Барселона, влезе во последната година од договорот со Сити и реши да не ја продолжува соработката, па ќе потпише преддоговор со Каталонците во јануари.
Барселона се обиде да го донесе уште во летниот преоден рок, но тогаш „граѓаните“ ги одбија сите понуди.