Дома Трансфер зона Барселона не се откажува од мароканската ѕвезда

Барселона не се откажува од мароканската ѕвезда

Барселона не се откажува од намерата да го доведе играчот за врска на Фиорентина, Софијан Амрабат, пренесуваат каталонските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона се обиде да го доведе 26-годишниот Мароканец уште во јануари, но Фиорентина не го пушти, па сега ќе биде примарна трансфер цел на лето.

Амрабат исто така е спремен да ги одбие сите други клубови бидејќи сака кариерата да ја продолжи на „Камп Ноу“.

Каталонците може да имаат проблем со финансискиот фер-плеј, па поради тоа се спремни да го продадат Франк Кеси за да го доведат Мароканецот.

Неговиот договор со „виолетовите“ истекува во 2024 година, а Фиорентина за неговата слобода бара најмалку 20 милиони евра.

Чави верува дека тој ќе биде идеален наследник на Бускетс, кој влезе во фудбалска зрелост, па Барса му бара замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…