Барселона се уште не може да постигне напредок во преговорите со Осман Дембеле за продолжување на соработката, пренесува „Мундо Депортиво“.
Каталонците веќе го изгубија трпението и му поставиле ултиматум на Французинот да даде конечен одговор на понудата до крајот на октомври.
Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓
Дембеле има договор со клубот до крајот на сезоната, па Каталонците сметаат дека неодговарањето на понудата за продолжување на соработката е непочитување кон клубот.
Французинот доживеа тешка повреда на ЕУРО, имаше операција и моментално се рехабилитира, а се очекува да се врати на терените во јануари 2022 година.
Барселона е загрижена поради фактот дека може да го загуби Дембеле без обештетување, па доколку играчот не стави потпис на нов договор наскоро може да биде продаден во јануари.