Серхио Агуеро го комплетира трансферот во Барселона како слободен агент, откако му заврши договорот со Манчестер Сити.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Веднаш после финалето во ЛШ Аргентинецот пристигна во Барселона, ги мина лекарските прегледи и беше претставен на „Камп Ноу“.
„Сите знаеме дека Барса е најдобриот клуб во светот. Затоа мислам дека донесов одлична одлука да дојдам тука и се надевам дека ќе му помогнам на тимот. Секако, ова е чекор напред во мојата кариера. Среќен сум и се надевам ќе освоиме трофеи“, изјави Агуеро.
Сепак, не се одвиваше според планот за Аргентинецот. Имено, вчера се појавија информации дека тој е позитивен на коронавирус.
Имаше деманти и прецизно објаснување во кое се наведува дека Агуеро, по позитивен тест, добил и негативен.
Што се крие зад сето тоа не е познато, но медиумите тврдат дека постои загриженост во Барселона.