Дома Трансфер зона Барселона го избра напаѓачот кој ќе го доведе во вонреден трансфер

Барселона го избра напаѓачот кој ќе го доведе во вонреден трансфер

Барселона избрала напаѓач кој во наредните денови ќе ги засили редовите на Каталонците.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После повредата на Осман Дембеле за кого сезоната е завршена, баш како и за Луис Суарез кој се повреди претхоно. Фудбалскиот сојуз ќе и одобри на Барселона да доведе еден напаѓач иако преодниот рок заврши.

Каталонците побарале тоа да им се овозможи и го избрале фудбалерот кој ќе го доведат. Фудбалскиот сојуз на Шпанија кога еден клуб ќе се соочи со ваква ситуација дозволувал т.н вонредни трансфери, меѓутоа за истите постои услов – мора веќе да игра во Ла Лига. Барселона избрала мета станува збор за напаѓачот на Гетафе, Анхел.

Искусниот 32 годишен фудбалер има клазула од девет милиони евра во договорот. Барселона нема избор освен истата да ја активира.

Анхел оваа сезона настапи на 27 натпревари за тимот од предградието на Мадрид и постигна 13 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…