Дома Топ вести Барселона ги започна преговорите со ПСЖ за Нејмар

Барселона ги започна преговорите со ПСЖ за Нејмар

Каталонски „Спорт“ ексклузивно пренесува преговорите помеѓу Барселона и ПСЖ за трансфер на Нејмар започнале пред неколку денови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јасно е дека Каталонците нема да се согласат да платат 300 милиони евра за Нејмар, сумата која ја бара ПСЖ, но подготвени се да го пуштат Кутињо во Париз и да понудат плус 100 милиони евра.

Иако ПСЖ е заинтересиран во своите редови да го види Кутињо, сепак се верува дека нема да ја прифати оваа понуда.

„Спорт“ пишува дека од Барселона плус би можеле да го вклучат и Умтити со цел да ги убедат челниците на ПСЖ да ја прифатат понудата.

Се уште нема директен контакт помеѓу двата клуба туку преговорите ги водат медиатори, а вклучени се и клучните агенти Пини Захави и Киа Јорабчијан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…