Дома Фудбал Барселона без Жорди Алба до декември

Барселона без Жорди Алба до декември

Левиот бек на Барселона, Жорди Алба ќе биде надвор од терените најмалку до декември, откако ја обнови повредата на мечот против Славија Прага, пренесуваат каталонските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Шпанскиот репрезентативец имаше проблеми со бутниот мускул на почетокот на сезоната, а сега ја обнови повредата.

Медицинските прегледи покажаа дека повторно има повреда на истиот мускул, па му претстои период на рехабилитација од 4 до 5 недели.

Искусниот лев бек сигурно ќе го пропушти дуелот со Селта но и натпреварите на Шпанија во квалификациите за ЕУРО 2020.

Алба оваа сезона има многу проблеми со повредите, па до сега одигра само шест меча во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ го објави новиот дрес на Македонија (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација го доби новиот дрес со кој ќе игра во следниот перио…