Дома Трансфер зона Барса тргнува во шопинг, но прво купува дефанзивец

Барса тргнува во шопинг, но прво купува дефанзивец

Барселона покрај замена за Нејмар, до крајот на преодниот рок сака да донесе уште еден дефанзивец, по барање на тренерот Ернесто Валверде.

Шпанските медиуми пренесуваат дека најголема желба на Валверде е стоперот на Реал Сосиедад, Ињиго Мартинез кој во овој преоден рок се поврзуваше и со трансфер во Манчестер Сити.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонски „Спорт“ пренесува дека Барселона е спремна да му ја исполни желбата на тренерот и да ја активира откупната клаузула во неговиот договор со Сосиедад, која изнесува 32 милиони евра.

26-годишниот Мартинез важи за еден од најдобрите дефанзивци во шпанската лига и сигурно би бил одлично засилување за Каталонците, а тренерот Валверде го гледа како идеален партнер на Жерар Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…