Дома Фудбал Англија Барса со нова понуда за трампа, овој пат со Арсенал

Барса со нова понуда за трампа, овој пат со Арсенал

Екипата на Барселона испрати понуда до Арсенал и повторно во прашање е размена на играчи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако Артур Мело го испратија во Јувентус во замена за Миралем Пјаниќ, Каталонците ќе се обидат да направат уште неколку договори, а сега го контактирале Арсенал.

Наводно, Барса на Топџиите им го понудиле Фелипе Кутињо, а во спротивен правец го бараат 21-годишниот Матео Гендузи.

Кутињо од поодмана се поврзува со Арсенал. Каталонците сега ќе се обидат да го искористат за донесување на Гендузи, а во исто време ќе се ослободат и од Бразилецот.

Кога станува збор за Гендузи, и тој не е во плановите на Микел Артета, па ова можеби е вистинска шанса да ја промени средината.

Останува да видиме дали на крајот ќе дојде до договор помеѓу двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хаос во таборот на Турција – вирална снимка ги налути навивачите (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Турција пред продолжението на Светското првенство е потресен…