Дома Топ вести Барса сака да го „украде“ најголемиот талент на Реал Мадрид

Барса сака да го „украде“ најголемиот талент на Реал Мадрид

Раководството на Барселона ќе се обиде да го донесе 19-годишниот Цезар Хелаберт, кој важи за еден од најголемите таленти во академијата на Реал Мадрид, пишува „АС“.

Весникот тврди дека Хелаберг е „најголемиот талент“ кој игра во Шпанија во моментов и многу европски гиганти сакаат да го донесат во своите редови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонците се обидоа да го донесат од Херкулес уште во 2015 година, но тогаш Реал беше побрз и играчот премина во школата на „кралевите“. Договорот на офанзивниот играч за врска истекува следната година и интересот за него е огромен.

Во моментов Цезар игра за Реал Мадрид Б каде дебитираше уште пред две години. „Кралевите“ се надеваат дека играчот наскоро ќе потпише нов договор бидејќи Зидан е негов голем фан.

Меѓутоа, талентот сериозно рамислува да ја промени средината, па Барселона сака да ја искористи таа шанса и да го донесе следната година кога ќе му истече договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …