Дома Топ вести Барса не се откажува – големата трансфер желба пристигнува во јануари

Барса не се откажува – големата трансфер желба пристигнува во јануари

Каталоснки „Спорт“ пренесува дека Барселона не се откажала од својата трансфер цел и дека во јануари ќе се обиде да го комплетира трансферот на Жан Мишел Сери од Ница.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На крајот на летниот преоден рок Барселона беше блиску до доведување на овој играч за врска, но на крајот трансферот пропадна, па Сери остана во Ница.

„Спорт“ кој е секогаш добро информиран за случувањата во Барселона, тврди дека раководството на клубот ќе се обиде да го комплетира трансферот во јануари и да го донесе „наследникот на Чави“.

Неговата цена изнесува 40 милиони евра, а доаѓањето на Сери би значело заминување на барем двајца играчи за врска. Главни кандидати да го напуштат „Камп Ноу“ во јануари се Арда Туран и Рафиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…