Дома Трансфер зона Барса испрати понуда за Ерик Гарсија

Барса испрати понуда за Ерик Гарсија

Барселона е силно заинтересирана за дефанзивецот на Манчестер Сити, Ерик Гарсија кој е продукт на школата „Ла Масија“, но пред три години реши да ја напушти Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Спорт“ пренесува дека договорот на 19-годишниот дефанзивец истекува следното лето и би можел да се врати на „Камп Ноу“ како слободен агент.

Барса сака да го врати уште ова лето на „Камп Ноу“ и испратила понуда од 10 милиони евра, која се претпоставува дека ќе биде одбиена.

Каталонците се подготвени да ја зголемат својата понуда на 15 милиони, а доколку „граѓаните“ повторно одбијат, Барса ќе почека до летото 2021 година, кога истекува договорот на играчот.

Претходно, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола изјави дека играчот ја одбил понудата за нов договор. Минатата сезона, Гарсија одигра 20 натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…