Дома Топ вести Барса го провоцира Роналдо на Инстаграм: Меси е најдобар📷

Барса го провоцира Роналдо на Инстаграм: Меси е најдобар📷

Барселона и Јувентус вечерва ќе ги одмерат силите во Лигата на шампиони, а во центарот на вниманието секако ќе бидат Кристиано Роналдо и Лионел Меси.

Двајцата големи ривали прв пат ќе играат еден против друг уште од 2018 година, кога Роналдо го напушти Реал Мадрид и се пресели во Јувентус.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Каталонците денес на Инстаграм објавија нивна заедничка фотографија за да го одбележат дуелот на двајцата најдобри фудбалери.

Меѓутоа, еден детал од фотографијата направи полемика на социјалните мрежи. Меси и Роналдо се прикажани како седат еден спроти друг, двајцата имаат огледало позади себе, а само на тоа од Меси пишува GOAT (најдобар на сите времиња).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…