Приоритет на Барселона во летниот преоден рок ќе биде доведување на нов напаѓач, кој ќе може да го наследни Луис Суарез.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Уругваецот наскоро ќе наполни 32 години и иако е незаменлив во тимот, сепак раководството е свесно дека мора што побрзо да најде негов наследник.
„Имам 31 година и за мене е нормално Барселона да бара моја замена. Сите имаме рок на трање“, порача Суарез.
Шпанските медиуми пренесуваат дека на списокот на Каталонците се наоѓаат две имиња од Примера. Првото е Андре Силва кој оваа сезона игра одлично во дресот на Севиља, а е во сопственост на Милан.
Второто име е уригвајскиот репрезентативец Максимилиано Гомез, ко игра фантастично во дресот на Селта.
Цената на двајцата напаѓачи изнесува околу 50 милиони евра.