Марио Балотели после завршувањето на сезоната го напушти Марсеј и од тој момент е слободен играч.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Балотели многу се поврзуваше со враќање во Италија, Бреша и Фиорентина беа најсериозни, но сепак според последните информации тој кариерата ќе ја продолжи далеку од својата земја.
Познатиот експерт за трансфери, посебно за италијанските фудбалери, Џанлука Ди Марцио пренесува изненадувачка вест.
Наводно, Балотели веќе го избрал клубот кој ќе биде негова следна дестинација и тој е прилично големо изненадување – бразилски Фламенго.
Ди Марцио објави дека трнасферот е скоро договорен и дека наскоро се очекува и официјалната потврда.
Ќе биде навистина интересно да е види како Марио би се снашол во бразилскиот фудбал.