Италијанскиот фудбалер, Марио Балотели е се поблиску до враќање во Серија А.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Балотели ја игра една од најлошите сезони во својата кариера и во француските медиуми се повеќе се шпекулира дека управата на Ница уште оваа зима би можела да се справи со напаѓачот.
Причината лежи во фактот дека Италијанецот во десет овосезонски натпревари не постигна ниту еден гол, со што го отпиша и тренерот Патрик Виера, меѓутоа за да најде нов ангажман не би требало да биде проблем, особено бидејќи враќање во Серија А секојдневно се шпекулира.
За неговите услуги наводно е заинтересирана Џенова, бидејќи извесно е дека клубот оваа година ќе го напушти Кристоф Пјатек, а Чезаре Прандели е убеден дека Балотели на вистински начин би можел да го замени заминувањето на полскиот напаѓач.
Потсетуваме, Балотели во минатото во Серија А имаше прилика да игра за Интер и Милан.