Дома Трансфер зона Бакајоко се враќа во Милан

Бакајоко се враќа во Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е пред комплетирање на трансферот на Тиму Бакајоко.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бакајоко пред две години играше на „Сан Сиро“ на позајмица, но тогаш „росонерите“ не го откупија, а минатата сезона ја помина во Наполи.

Милан е во потрага по играч со неговите карактеристики да биде алтернатива за Кеси, па веќе постигнал договор со Челзи.

Французинот повторно ќе пристигне на едногодишна позајмица со право на откуп, но овој пат за многу помала сума.

„Скај Италија“ пренесува дека во следните денови Бакајоко ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…