Баерн Минхен е силно заинтересиран за младиот дефанзивец на Интер, Алесандро Бастони, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Спортскиот диркетор на Баварците, Салихамиџиќ веќе го контактирал менаџерот на Бастони, бидејќи верува дека Италијанецот ќе биде идеален партнер за Упамекано следната сезона.
21-годишниот Италијанец веќе втора сезона игра во Интер и оваа сезона е еден од најдобрите поединци во тимот на Конте.
Станува збор за еден од најголемите таленти на Апенините, па Баерн сака да ја разгледа можноста за негов ангажман.
Сепак, на Баварците ќе им биде тешко да дојдат до неговиот потпис, бидејќи Интер веќе му понуди нов договор и го смета Бастони за иднината на тимот.