Дома Трансфер зона Баерн ја најде замената за Левандовски

Баерн ја најде замената за Левандовски

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Скаутите на многу европски гиганти го следат веќе подолго време, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Баерн Минхен.

22-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично и оваа сезона постигна 32 гола на 37 натпревари, а особено одлични настапи имаше во Лигата на шампиони.

Нуњес во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.

Баерн Минхен е спремен да плати 70 милиони евра за Уругваецот бидејќи во него гледа идеален наследник за Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…