Дома Трансфер зона Баерн спремен да плати 120 милиони евра за соиграч на Елмас?

Баерн спремен да плати 120 милиони евра за соиграч на Елмас?

Роберт Левандовски е на излезна врата од Баерн, Полјакот е несреќен во Минхен и сака по секоја цена да го напушти клубот. Кристијано Роналдо се поврзуваше со германскиот шампион, но напаѓачот на Манчестер Јунајтед се уште е далеку од Алијанц Арената, сепак, Баварците имаат нова силна опција.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен е голема желба на Баерн, Германците се подготвени да платат дури 120.000.000 евра за неговиот трансфер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баварците во Осимен гледаат идеална замена за Левандовски, 23-годишниот Нигериец игра блескаво во Неапол и постигна 24 гола на 51 натпревар. Неговиот договор со „наполитанците“ важи уште три години, па многу ќе се прашува првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

Наполи тешко ќе се договори за продажба на својот стрелец, но доколку Баерн испрати официјална понуда до „наполитанците“ и вети 120.000.000 евра, се е можно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…