Дома Трансфер зона Баерн сака да го откупи Хамес, но не му се допаѓа цената!

Баерн сака да го откупи Хамес, но не му се допаѓа цената!

Раководството на Баерн Минхен се уште нема донесено конечна одлука дали да го задржи во тимот Хамес Родригез.

Колумбискиот репрезентативец пристигна на двегодишна позајмица од Реал Мадрид, а Баварците имаат право да го откупат за 42 милиони евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Иако Хамес во последно време игра одлично во Минхен, претседателот Румениге вели дека клубот ќе размисли дали да го откупи неговиот договор.

Едно е сигурно, Хамес и следната година ќе игра на „Алијанц Арена“, а одлуката за откуп ќе биде донесена во 2019 година.

„Првично Анчелоти настојуваше да го донесеме за постојано и мислам дека тоа беше добра идеја. Се уште не сме донеле конечна одлука, ќе одлучиме откако ќе заврши позајмицата. Доколку се одлучиме да го откупиме тоа ќе биде наредната година“, изјави Румениге.

„За тоа треба да платиме 42 милиони евра, а тоа не е мала сума, и покрај тоа што сега на пазарот се вртат луди цифри. Треба да ги видиме сите аспекти и ќе донесеме одлука, но се уште е многу рано“, додаде Румениге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…