Плејмејкерот на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда на глуждот, сооптија денес од германскиот клуб.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Алкантара се здоби со повреда синоќа за време на натпреварот од Купот против Родингхаузен кој Баварците го добија со резултат 2:1.
„Баерн ќе биде без Тиаго во следните неколку недели“, стои во соопштението на баварскиот гигант.
Корентин Толисо и Квинсли Коман се другите двајца фудбалери на кои тренерот Ковач не може да смета поради повреда.
Баерн моментално се наоѓа на второто место во Бундес лигата, а следната недела ќе го играат дербито со Борусија Дортмунд, кое сигурно ќе го пропуштат споменатите фудбалери.