Дома Трансфер зона Баерн не го сака, Манчестер Сити ја одредил цената за Кансело

Баерн не го сака, Манчестер Сити ја одредил цената за Кансело

Според информациите на италијанскиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо, Манчестер Сити ја одредил цената за Жоао Кансело.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кансело во зимскиот преоден рок пристигна на позајмица во Баерн кој има право да го откупи за 70 милиони евра, но во Минхен немаат намера да го задржат Португалецот. Кансело не е пожелен ниту во Манчестер од каде што во јануари замина поради конфликт со Пеп Гвардиола.

Според „Трансфермаркт“, Кансело вреди 60 милиони евра и се очекува Сити да прифати ако пристигне таква понуда.

Со Португалецот се поврзуваше Барселона, но каталонскиот гигант се уште има финансиски проблеми и се мачи да остане во границите на финансискиот фер-плеј.

За Баерн, Кансело одигра 21 натпревари, постигна еден гол и асистираше за шест, неговиот договор со Сити има важност до 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…