Дома Фудбал Германија Баерн Минхен се пофали со рекордни приходи

Баерн Минхен се пофали со рекордни приходи

Баерн Минхен оствари рекордни 854,2 милиони евра приход во фискалната 2022/23 година.

Баварскиот гигант објави дека го надминал највисокиот приход од 750 милиони евра остварен во претпандемиската 2018/19 година. година.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Баерн може уште еднаш да погледне наназад на исклучително успешната финансиска година. Во тешко економско опкружување обележано со инфлација и рецесија во Германија, постигнавме рекорден промет и значително зголемување на профитабилноста во однос на претходната сезона. Овие резултати ја покажуваат нашата сила“, рече потпретседателот на клубот Михаел Дидрих.

Добивката на клубот пред оданочување е 54,5 милиони евра, додека добивката по оданочување е 35,7 милиони евра што е зголемување за 23 милиони евра во однос на претходната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Двајца кандидати за клупата на Челзи

Челзи денес и официјално се раздели со тренерот Маурисио Поетино и ја започна порагата по …