Баерн поради повреда остана без стандардниот играч Дајот Упамекано, па клубот е принуден да бара брзо решение.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германските медиуми пренесуваат дека Баварците можат да го ангажираат искусниот стопер, Сократис Папастатопулос.
Искусниот грчки дефанзивец има 35 години и е без клуб, што значи дека Баерн може веднаш да го потпише и да смета на неговите услуги.
Сократис е многу искусен фудбалер кој има 90 настапи за националниот тим на Грција, а во кариерата играше за АЕК, Ники Волас, Џенова, Милан, Вердер, Борусија Дортмунд и Арсенал.
Во Баерн би дошол без обештетување, а Баварците му нудат договор до крајот на сезоната.