Дома Македонски спорт Мак ракомет Бабиќ: Треба да бидеме спремни за брзиот центар и агресивната одбрана на Нексе

Бабиќ: Треба да бидеме спремни за брзиот центар и агресивната одбрана на Нексе

Еурофарм Пелистер го очекува тежок двомеч против Нексе од Нашице во рамките од осминафиналето во Лигата на Европа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тренерот Жељко Бабиќ ја истакна Нексе како екипа која е добро дефанзивно и тркачки

„Се одлучивме да го подготвуваме натпреварот против Вардар и тоа добро испадна. Имавме три дена да се одмориме, да се подготвиме дефанзивно и офанзивно, да видиме кои карактеристики ги има Нексе. Треба побрзо ментално да се одмориме и со истата енергија и желба да се обидеме да обезбедиме што е можно подобар резултат.

Нексе е добра дефанзивна екипа и тркачки добра екипа. Веќе имавме еден натпревар против нив, тоа беше добро искуство, Верувам дека ќе се одмориме, ќе се припремиме и ќе бидеме спремни на нивното брзо трчање, на неговиот брз центар и на агресивната одбрана“, изјави Бабиќ.

Првиот натпревар од двомечот се игра утре во Нашице.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…