Дома Македонски спорт Мак ракомет Бабиќ: Спремни сме да одиграме одличен натпревар, ќе видиме дали ќе биде доволно

Бабиќ: Спремни сме да одиграме одличен натпревар, ќе видиме дали ќе биде доволно

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува натпревар против изненадувањето на сезоната, грчкиот вицешампион АЕК Атина.

Тренерот на битолскиот тим, Жељко Бабиќ го најави овој натпревар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„АЕК покажа на почетокот од турнирот дена е организирана и дисциплинирана екипа и одлично истрчување по освоена топка. Победија на убедлив начин во првото коло на домашен терен, а во второто коло ја изненадија цела Европа со победата во Ним. Стабилна екипа, во налет се и заслужува респект.

Сезоната е долга, оптимисти сме, желни сме за натпреварување и едвај чекаме да почне натпреварот и да видиме која е вредноста на АЕК. Во добар момент сме, во добра форма сме и со нетрпение го чекаме натпреварот и уверен сум дека ќе покажеме добар тимски дух, добро трчање, добра одбрана и верувам дека АЕК ќе „удри“ во цврст „ѕид“ на Еурофарм Пелистер. Спремни сме да одиграме одличен натпревар и ќе видиме за што ќе биде тоа доволно“, изјави Бабиќ.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Раде Стојановиќ го објави списокот на младинците за натпреварите со Словенија

Стручниот штаб и селекторот на машката младинска репрезентација Радослав Стојановиќ го обј…