Дома Македонски спорт Мак ракомет Бабиќ: Не чека голема борба и една ментална битка!

Бабиќ: Не чека голема борба и една ментална битка!

Утре од 20:45 часот Еурофарм Пелистер ќе го пречека Спортинг Лисабон во рамките на Европската лига ЕХФ, битолчани изминатата недела испуштија победа на гости и тој натпревар заврши 27:27.

„Моите играчите во Лисабон дадоа сè од себе, одиграа фантастичен натпревар. Иако го имавме последниот напад и можевме да победиме и тие имаа офанзивен фаул во нивниот претходен обид. Во секој случај, играчите покажаа страшен карактер и фантастично го презентираа клубот, државата и себе си. Сите знаеме дека е тешко да се освојуваат бодови на гостински терен и знаеме колку е добар Спортинг. Што се однесува до вториот натпревар, нè очекува голема борба. Јас дури би рекол една ментална битка, мора да бидеме целосно фокусирани, а исто толку мора да бидеме ментално цврсти и спремни да го чекаме нашиот момент“, изјаби Бабиќ.

Во групата Д после пет одиграни кола лидер е Ним со седум бода исто толку има и Спортинг, додека Е.Пелистер е трет со шест бодови.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Узунчев со два гола против Алборг, Целје остана без бодови

Димитар Узунчев реализираше два од трите шута во поразот на Целје кај Алборг со 34-30. Мак…