Дома Фудбал Англија „АУЧ“ од Островот: Погба го „откачил“ Мурињо на директен и јасен начин! (ФОТО)

„АУЧ“ од Островот: Погба го „откачил“ Мурињо на директен и јасен начин! (ФОТО)

pogba mourinho

Помеѓу Пол Погба и Жозе Мурињо изгледа има навистина голем проблем.

Тоа можеше да се почуствува и со сликата на Инстаграм која Французинот ја постави после победата на Манчестер Јунајтед над Лестер во кој Погба беше стрелец на единствениот гол на натпреварот (1:0).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Погба после натпреварот постави фотографија од натпреварот со опис:

„Секогаш ќе го давам најдоброто од себе за фановите и соиграчите, без разлика што се случува“.

Многумина тоа што го нема Мурињо во реченицата, но и последниот дел „без разлика што се случува“ го протолкуваа како доказ дека помеѓу него и стратегот на Јунајтед се уште има „нерасчистени сметки“.

Денес англискиот реномиран медиум на насловната страна пишува за сериозен проблем помеѓу играчот за врска и стратегот.

Наводно, Мурињо му се обратил на Погба и побарал од него да не зборува премногу во медиумите, а одговорот на Погба бил директен и јасен: „Повикај го мојот агент ако сакаш да зборуваш со мене“.

Ќе потсетиме Погба многу се поврзуваше со заминување од Манчестер Јунајтед, како потенцијални дестинации се споменуваа Јувентус и Барселона. „Старата дама“ сега не е реална опција бидејќи преодниот рок во Италија завршува за само два дена, додека во Шпанија клубовите можат да купуваат до крајот на овој месец, но прашање е колку Барселона се уште има желба да го ангажира.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…