Дома Топ вести Атлетико уште во јануари го продава Жоао Феликс

Атлетико уште во јануари го продава Жоао Феликс

Деновите на Жоао Феликс во Атлетико Мадрид се изброени, пресува шпанскиот весник „АС“.

Атлетико оваа сезона не бележи добри резултати, реална е шансата да испаднат од Лигата на шампиони, а во Примера моментално се на 4-то место на табелата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Финансиската загуба од испаѓањето во Лигата на шампиони може да го натера клубот да продаде некои од своите играчи, а прв на листата е Жоао Феликс.

Португалецот падна во втор план кај Диего Симеоне откако пристигна Гризман, па неговата минутажа значително ќе се намали оваа сезона.

„Јорганџиите“ за неговата слобода бараат најмалку 70 милиони евра, а неколку клубови веќе покажуваат интерес за Португалецот.

Жоао Феликс во 2019 година пристигна во Атлетико за рекорден трансфер од 127 милиони евра, но не ги опрадва очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…