Атлетико Мадрид значително се засили во летниот преоден рок и потроши најмногу пари за засилувања во цела Европа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, „јорганџиите“ не мислат да престанат и веќе во јануари спремаат нов голем трансфер.
Не е тајна дека Симеоне во својот тим го сакаше напаѓачот на Валенсија, Родриго. Дури и имаа договор со „лилјаците“ за трансфер од 60 милиони евра, но тој не се реализираше.
Атлетико не успеа да го продаде Кореја за 50 милиони евра, па не го комплетираше трансферот на Родриго, но сигурно ќе се обиде тоа да го направи во јануари.
Симеоне смета дека шпанскиот репрезентативец е идеален да го комплетира нападот и да му помогне во битката за титулата во Примера.