Дома Трансфер зона Атлетико Мадрид тргнува по Марсијал

Атлетико Мадрид тргнува по Марсијал

Антони Марсијал не е задоволен од својот статус во Манчестер Јунајтед и сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот не добива голема минутажа на „Олд Трафорд“ и не сака повеќе да ја грее клупата, па поради тоа официјално побарал трансфер од раководството.

Таквата ситуација сака да ја искористи Атлетико Мадрид и да го доведе во своите редови, па веќе стапил во контакт со агентот на Французинот.

„Јорганџиите“ ќе се обидат да го донесат Марсијал на позајмица во јануари со право на откуп, но ќе треба да ја победат конкуренцијата.

За Марсијал силен интерес покажуваат уште Јувентус, Арсенал и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…