Дома Трансфер зона Атлетико Мадрид почна преговори со Адама Траоре

Атлетико Мадрид почна преговори со Адама Траоре

Атлетико Мадрид е силно заинтересиран за крилниот напаѓач на Вулверхемптон, Адама Траоре, пренесуваат шпанските  медиуми.

„Јорганџиите“ веќе започнале преговори со неговиот агент и сакаат на лето да го доведат Траоре, кој е продукт на школата на Барселона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Договорот на 27-годишниот Траоре истекува на крајот на сезоната, па тој како слободен агент може да пристигне на „Ванда Метроплитано“.

Траоре минатата сезона играше на позајмица во Барселона, каде на почетокот покажа неколку добри партии, но Каталонците не ја искористија опцијата за откуп, па Шпанецот се врати во Вулверхемптон.

Сега ќе има можност повторно да се врати во Примера, а Атлетико му нуди 3-годишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…