За само неколку месеци Атлетико Мадрид договори трансфер на втор бразилски фудбал, овој пат станува збор за Бруно Гимараеш од Атлетико Параненсе.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во летото „јорганџиите“ го купија левиот бек Ренато Лоди за 25 милиони евра, а сега ќе потрошат 30 милиони за Бруно Гимараеш.
Бразилските медиуми пренесуваат дека трансферот е комплетно договорен и се чека отварање на зимскиот трансфер пазар за 22-годишниот фудбалер да пристигна на „Ванда Метрополитано“.
Станува збор за исклулително талентиран играч за врска кој се споредува со Артур од Барселона, но Гимараеш е физички посилен и подобар во дефанзивните задачи
За Гимараеш беа заинтересирани неколку европски гиганти, пред се Челзи, но Атлетико успеа да ја победи конкуренцијата.