Атлетико Мадрид и Барселона ќе водат голема битка на трансфер пазарот ова лето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
И двата шпански клуба покажуваат сериозен интерес за дефанзивецот на Валенсија, Хосе Гаја и ќе се борат за неговиот потпис.
На „Камп Ноу“ сметаат дека 25-годишниот Гаја ќе биде идеален наследник на Жорди Алба.
Меѓутоа, Каталонците пред да го ангажираат Гаја треба прво да се ослободат од Фирпо за да го финансираат трансферот.
Таквата ситуација може да ја искористи Атлетико кој веќе спремил понуда од 20 милиони евра за левиот бек.