Дома Македонски спорт Атанасов постигна гол од 30 метри, Адеми го најави пресвртот во второто полувреме 🎥

Атанасов постигна гол од 30 метри, Адеми го најави пресвртот во второто полувреме 🎥

Во големото хрватско дерби Динамо Загреб го победи Хајдук со 4:1.

Клубот од Сплит во судиското продолжение од првиот дел дојде до предност и тоа со фантастичен гол од 30-тина метри на македонскиот фудбалер Јани Атанасов. Атанасов на теренот беше до 60. минута, а тогаш Динамо постигна гол за изедначување.

Четири минути подоцна вториот македонски репрезентативец Аријан Адеми се запиша во листата на стрелци за целосен пресврт на хрватскиот тим. До крајот погодуваа Гојак и Оршиќ за конечни 4:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Хајдари ја донесе единствената победа, Македонија без медал од Астана

Македонските борачи го завршија настапот на Светското првенство во Астана. Реџеп Хајдари з…