Дома Фудбал Аталанта на своја страна против ПСЖ ја има традицијата!

Аталанта на своја страна против ПСЖ ја има традицијата!

Ждребот во Нион денес сакаше Аталанта во четвртфиналето од Лигата на шампионите да игра против ПСЖ.

На прв поглед ова изгледа како поволен ждреб за клубот од Париз, но Аталанта не е наивен тим и сезонава го игра веројатно најдобриот фудбал во Италија каде што се третопласирани и тоа не е мала работа. Освен тоа во корист на Аталанта оди и традицијата.

Имено, ПСЖ во Лигата на шампионите никогаш не победил италијански тим. Овој клуб ги изгуби двата натпревари во полуфиналето против Милан во 1995, а потоа во сезоната 2000/01 и 2018/19 ремизираше против Милан и Наполи во групните фази.

Освен тоа во прилог на ПСЖ не му оди тоа што првенството во Франција е завршено уште во март, додека Аталанта секоја надела игра натпревари во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…