Дома Фудбал Астон Вила по 41 година ќе игра во ЛШ – Емери: Ни се оствари сонот

Астон Вила по 41 година ќе игра во ЛШ – Емери: Ни се оствари сонот

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, ги сподели своите впечатоци од пласманот на тимот во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Лавовите“ ќе играат во главниот европски куп за прв пат по 41 година.

– Денес е посебен ден. Сонувавме за ова од почетокот на сезоната. Играњето во Лигата на шампионите е следното најдобро нешто во Премиер лигата. Во Лигата на шампионите се среќавате со екипи од други земји. И тоа е неверојатно.

Секогаш сме одговорни за историјата на тимот и наша одговорност е да се обидеме да го подобриме нашето ниво, да бидеме упорни и да го следиме сонот. Се разбира, јас сум многу, многу среќен и горд на нашите навивачи, играчите и сите останати, изјави Емери за клупскиот сајт на Астон вила.

На едно коло пред крајот на англиското фудбалско првенство, Астон Вила со 68 бодови се наоѓа на 4. место во поредокот, со пет бодови пред Тотенхем кој е на 5. место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aу, каква понуда за Олисе, ова не се одбива!

Мајкл Олисе полека станува еден од најдобрите фудбалери во светот и би можел тоа да го док…