Менаџерот на Арсенал, Микел Артета лично си зел задача да го убеди плејмејкерот на Барселона, Иван Ракитиќ да се пресели на „Емирати“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
32-годишниот хрватски репрезентативец ова лето ќе ја напушти Барселона и веќе размислува за својата иднина, а интерес за него има од Севиља, ПСЖ и Интер.
Во последните денови се шпекулираше дека сигурно ќе се врати во Севиља каде ја доживеа фудбалската афирмација и поради фактот што неговата сопруга е од тој град.
Сепак, Артета ќе се обиде да го убеди Ракитиќ да се пресели во Лондон и да потпише за Арсенал.
„Топџиите“ веќе спремиле 3-годишен договор и му нудат повисока плата отколку онаа што му ја нуди Севиља.