Микел Артета синоќа ја запиша првата победа како тренер на Арсенал, а веќе денес го доби првото засилување.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Арсенал денес потврди дека одлучил да го врати младиот Еди Нкита, кој беше на позајмица во Лидс.
20-годишниот Англичанец ретко добиваше минутажа кај Бјелса, па „топџиите“ решија да го вратат, а Артета е спремен да му даде шанса за да се наметне во првиот тим.
Во наредните денови Артета ќе одлучи дали ќе го задржи младиот фудбалер или повторно ќе биде испратен на позајмица, бидејќи за него се заинтересирани неколку клуба од Чемпионшип.
Артета сигурно ќе сака дополнително да го засили тимот во зимскиот преоден рок, и ќе се обиде да обезбеди излез во Европа за следната сезона.