Дома Трансфер зона Арсенал тргнува по потписот на напаѓачот кој блеска во Лига 1

Арсенал тргнува по потписот на напаѓачот кој блеска во Лига 1

nikolas pepe

Арсенал бележи сосема добри резултати од доаѓањето на Унаи Емери на клупата на „топџиите“, но во клубот размислуваат и за засилувања.

Прилично се конкуренти за пласман во Лигата на шампионите, но сезоната е долга и Шпанецот сака да се обезбеди со дополнителни засилување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес „Тајмс“ пренесува дека Арсенал е одлучен во намерата да тргне по потпис на напаѓачот на Лил, Николас Пепе.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска игра во одлична форма и на 13 натпревари во Лига еден постигна осум погодоци и запиша пет асистенции.

Тој може да игра на сите позиции во нападот, но најдобро се снаоѓа како крилен напаѓач.

Според информациите, тимот од Лондон спремил 27 милиони фунти за негово доведување, но треба да се истакне дека интерес за неговите играчи покажа и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…