Премиерлигашот Арсенал е заинтересиран за голманот на Барселона, Нето, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Менаџерот на „топџиите“, Микел Артета во 31-годишниот Бразилец гледа како идеална замена за Бернд Лено.
„Спај Спорт“ пренесува дека Арсенал ќе се обиде да го донесе Нето на „Емирати“ на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп на лето.
Оваа сезона Нето одигра 9 меча за Барселона на кои прими 7 гола, но тој има статус на втор голман во Барселона.