Дома Топ вести Арсенал спреми понуда за украинската ѕвезда

Арсенал спреми понуда за украинската ѕвезда

Арсеналс е силно заинтересиран за талентот на Шахтјор и новата украинска ѕвезда, Михајло Мудрик.

21-годишниот крилен фудбалер игра одлично оваа сезона и особено воодушеви со натпреварите во Лигата на шампиони.

Мудрик оваа сезона на 22 меча постигна 10 гола и запиша 8 асистенции, а експертите му предвидуваат блескава кариера.

Арсенал го сакаше уште во текот на летото, но Шахтјор тогаш ја одби понудата од 30 милиони евра. Сепак, „топџиите“ не се откажуваат и сега спремаат многу побогата понуда.

Украинецот има договор со Шахтјор до 2026 година, а медиумите тврдат дека Арсенал е спремен да плати 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…