Дома Топ вести Арсенал спреми богата понуда за Милинковиќ-Савиќ

Арсенал спреми богата понуда за Милинковиќ-Савиќ

Арсенал не се откажува од намерата да го доведе во своите редови Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат медиумите на Островот.

Србинот веќе долго време е на мета на „топџиите“, но трансферот не се реализира поради високата отштета која ја бара Лацио.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


СМС блеска и оваа сезона, а на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Лацио е под притисок.

Поради тоа Арсенал верува дека со понуда од 75 милиони евра ќе го убеди италијанскиот клуб да го пушти Милинковиќ-Савиќ.

Јувентус важеше како фаворит за неговиот потпис, но поради лошата ситуација во клубот најверојатно ќе се откаже од Србинот.

Тоа сака да го искористи Арсенал, кој веќе почнал да работи на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…