Дома Фудбал Англија Арсенал со најлош старт во историјата, а сега му гостува на шампионот

Арсенал со најлош старт во историјата, а сега му гостува на шампионот

После поразот во првото коло од Премиер лигата, Арсенал вчера загуби и во лондонското дерби од Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После две одиграни кола тимот на Артета е без освоен бод, но и без постигнат гол.

Тоа е најлошиот почеток во целата клупска историја на Арсенал – 118 сезони во некое од првите четири нивоа на англискиот фудбал и општо 128 години во кои Арсенал учествува во некаква форма во првенството на Англија.

Во третото коло Арсенал ќе гостува кај шампионот Манчестер Сити, па сериозно му се заканува уште еден пораз.

Веќе почна да биде нестабилна позицијата на тренерот Артета, кој го запиша 20-от пораз на 60 меча на клупата на „топџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер подготвен да плати 30 милиони евра за Палестинец кој игра за Израел

Талентираниот Анан Халаили е голема желба на Интер, а италијанскиот гигант веќе започна пр…